Како родители на деца ученици во основното училиште „Св. Климент Охридски“ Охрид,  денес, остваривме средба со директорот на училиштето, кој на крајно дрзок и безобразен начин не информира дека одлучил наставникот кој требаше да продолжи да ги учи и воспитува нашите деца, да го прераспореди во прво одделение, а паралелката да ја спои со другата паралелка од четврто одделение.

Ние како родители пробавме да разговараме и објасниме дека не сме согласни на тоа од причини што на нашите деца со тоа им се прави непотребен стрес, бидејќи ова веќе е трета промена на наставник за оваа паралелка. Потенциравме и дека доколку ја истрпат и оваа промена во месец март ќе треба повторно да минуваат низ нова промена на наставник, затоа што наставникот каде што се распределени сега, во март по сила на закон, си заминува во пензија. Исто така, му укажавме  дека нашите деца и ние како родители имаме воспоставено прекрасен однос со досегашниот наставник и дека не сме согласни  да ги праќаме децата и оваа година кај нов педагог. На наше чудење, добивме еден крајно дрзок одговор од директорот дека ние не можеме да му се мешаме во политиката на работење и дека ако не ни одговара можеме уште денес да си ги запишиме децата во друго училиште, како и да бидеме благодарни што воопшто не примил.

Крајно револтирани од ваквиот ваш однос, ви се обраќаме како директор, вака јавно преку медиум и дури и да се согласиме во нешто со вас, а тоа е дека не можеме да ви се мешаме во работата, но и да ве информираме дека знаеме кој може да се меша и да го испита вашето самоволие, а тоа е министерството за образование и државниот просветен инспекторат, каде ќе биде поднесена преставка за испитување на оваа одлука, како и вашиот однос кон нас, како родители. Воедно сакаме да ве известиме дека со вашиот однос само направивте да се мобилизираме дополнително и со тоа да ја откриеме вашата намера, на како што рековте- политиката на вашето работење.  Таа политика да ти била за задоволување на вашиот личен и интересот на вашите пријатели кои ги имаат запишано децата во прво одделение, а токму наставникот кој го прераспределувате важи како еден од најдобрите во училиштето, па си одлучивте дека токму тој треба да го учи вашето дете  па макар и се испишал еден цел клас од четврто одделение.  

Исто така ви кажуваме дека нема да ги испишеме децата од училиштето каде и голем дел од нас своевремено учеле, туку ви советуваме да ако сакате да бирате наставник кој сакате да го воспитува вашето дете да го запишете во училиште според вашето место на живеење или ако и таму нема наставник, во некоја приватна школа.

И на крај еве, благодарни сме што не примивте и ислушавте, а сега веќе и не читате и имате прилика да ја поправите грешката за наредната средба да не биде по ваше барање или пак за давање на исказ пред надлежен орган. Искрено се надеваме дека во понеделник на 04.09.2017 година нашите деца ќе започнат нормална школска година со стариот педагог и дека нема да дозволите да ја бојкотираме наставата, а камери да има за снимање на свеченоста за почетокот на учебната година, а не за известување на нашиов проблем кој го имаме заради вас.

Поздрав од родителите што ја имаа таа чест денес да бидат примени кај вас- директорот, како и од тие што ја пропуштија таа прилика, а во целост не поддржуваат.

Група родители на ученици во IV одд.при ОУ „Св.Климент Охридски“

 

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите