Во просториите на општинскиот Црвен крст денес започна да работи англиска библиотека која располага со 2. 500 наслови на литература за деца и возрасни.

Книгите се обезбедени по пат на донација на хуманитарна организација од Америка и Мировниот корпус во Македонија.


Услугите на библиотеката се бесплатни за сите членови на црвениот крст, односно секој кој ќе пополни пристапница и плати годишна чланарина.

Работното време на англиската библиотека е од понеделник до петок од 10 до 15 часот. Секој петок е предвидено да се одржува и детски час на кој на најмладите ќе им се читаат приказни.

OhridNews