Веќе подолго време се провлекува проблемот на злоупотреба и загадување на просторот, тревникот и реквизитите во детската градинка “Расадник” која е во непосредна близина на нашата зграда. Секојдневна е сликата каде млади луѓе, без чувство за околина фрлаат отпадоци во дворот на градинката, се качуваат на покривот, диво се нишаат на реквизитите и ги оштетуваат.

Градинката е небранета, нема чувар, а ако е под надзор на агенција за обезбедување – исто како да не е. Јас и некои соседи на два три дена доброволно ги собираме отпадоците и ги фрламе во блиските контејнери, но попусто. Убавиот тревник за кратко време повторно е прекриен со искршено стакло од намерно кршени шишиња. За шетачи и мочачи на кучиња и да не зборуваме. Тука треба деца да играат. Ваква беше ситуацијата дури и кога градинката примаше деца, кога работеше. Посебно во вечерните часови.

За ова пробав да добијам одговор и од директорката и од некои функционери од Општина, но засега молк. Се надевам преку вашиот медиум ќе добиеме акција-реакција ситуација.

Предлог решение, вработете чувар.

Спаско Костоски,
ул. “Карпош Војвода”
Нас. “Расадник”

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите