И колку да сакам пензионерските денови, кои ги стекнав со 35-годишна работа во Хидробиолошки завод, да ми минуваат безгрижно, не е можно. Вознемирувачка беше информацијата проследена во OhridNews, за заштита на блатото, од Седницата на Советот на општина Охрид, односно ставот – Институцијата која е најповикана да одговори на ова прашање, Хидробиолошкиот завод, излезе со став дека на тој дел имаме еден неуреден простор којшто личи на се освен на блато.

Каква Плиткоумност! Познато е и научно докажано, дека блатото и колкав дел од него да е останат, претсавува најдобар филтер на сите води кои гравитираат кон Езерото и со тоа го заштитуваат. Овој екосистем претствува дом за многубројни флорно фаунистички видови кои ги има само тука. Значи ставот на Научната фела, од Хидробиолошки завод ако е тоа навистина нејзин став, дозволува уништување на сето тоа, а и на Езерото.

Зарем е можно она што природата ни го дала нам и на многу, многу генерации после нас, да биде уништено заради Послушност??! Зарем треба да се дозволи науката да биде партиска марионета, а ставовите да бидат пренесени онака како се формулирани од повисоки владини инстанци заради лични интереси?!. Простете, но ваквиот став  од научна институција наведува на вакво размислување. Научните работници, експерти се токму затоа, со своето научно-истражувачко сознание да дадат правилни толкувања на вака чувствителни работи.

Ако вака размислува научната фела од Хидробиолошки завод, составена од Тринаесетина научни работници (доктори на наука), што останува за обичниот граѓанин. Апелирам, до колку е ова став на Заводот да се преиспита и науката до колку ја има и до колку партиски не се стопила, да се огласи со правилно научно образложение за проблемот. Ако е пак тоа став на пoединци-научни работници, прашувам каде им е научното достоинство и зошто им служи научното звање. Импресионира сум од ставот на г-дин Дејан Пановски по однос на значењето на блатото.

Д-р Вера Новевска, научен советник, во пензија.

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.