Лесно може да се случи Ракометниот клуб Охрид да го запише првото учество на меѓународниот ракометен турнир во Струга кој годинава ќе се одржи по 45-ти пат на игралиштето „Женска Плажа“.


Организаторите го препознаа квалитетот на РК Охрид кој годинава заврши на првата позиција во регуларниот дел од Супер лигата и се наоѓа на чекор од пласман на завршницата во Купот на Македонија и во писмена форма го поканаа клубот да учествува на турнирот кој ќе се одржи од 12 до 15 август.

Организациониот одбор на Меѓунардниот ракометен турнир Струга, Ве поканува да бидете учесник на 45-то издание на турнирот со меѓународен карактер кој оваа година ќе се одржи од 12 до 15 август во Струга.

Ќе ни биде задоволство доколку РК Охрид биде учесник на оваа наша манифестација и со својот квалитет и реноме, исто како и минатите години, го збогати и ги направи турнирот еден од најквалитетните.

На годинешното 45-то издание Организациониот одбор ќе обезбеди учесници на турнирот да бидат реномирани екипи од домашното првенство и странство. – стои во поканата од Организациониот одбор од турнирот во Струга.

Минатата година на 44-от турнир победи францускиот клуб Шатр кој во финалето после изведувањето на пеналите го совлада Металург. Македонските преставници покрај Металург беа и Еурофарм Работник и Пелистер.

OhridNews