ЗлатниоТ автопат Охрид-Кичево: предвидена вредност од петстотини деведесет и осум милиони евра, 598.000.000. За 57 километри. Еден километар вреди отприлика 10.491.288 милиони. Изградба за сто метри е едно милионче. Еден метар е десет и пол илјади евра. Еден сантиметар е скоро 6400 денари, сто и кусур евра.

Ако го споредиме тој – уште сега легендарен автопат со актуелниот фудбал: Охрид-Кичево вредиТ исто колку проценуваните годишни плати на фудбалските ѕвезди Килијан Мбаппé (131 милион евра), Лионел Месси (123), Кристијано Роналдо (102), Нејмар (89), Салах (54), Халанд (40), Левандовски (36). Овие седум ѕвезди вкупно заедно земаат 575 милиони евра годишно. На осмо место е Азар (32).

Овој проект вреден повеќе од пола милијарда (за градење, материјали, работни сили, машини, кредити, камати) ни фалиТ навистина. Иако не секој е задоволен. Познати се сите позитивни придобивки. Од критичен агол: сите прашања и одговори се заплеткани во 57000 метри. Пред и зад сцената. Во сонце и магла. Има оправдани поплаки од локалните жители, разочарани сопственици на земјиште и куќи. Има критики од екологисти околу повредената природа.

Еден пат, неколку тунели и мостови ќе славаТ за скоро десет годишен јубилеј без да е уште искористен. Изградбата стартуваше во 2014 година, требаше да биде готов во 2018. Според јасни и помалку јасни пречки, рокот беше продолжен до јуни 2021, па 2022, 23… Но, ако му веруваме на актуелниот премиер: последниот рок е до крајот на следната година (2023). Како одговорните не се во позиција или не сакаат да преземат конечна акција? Како на тие одговорни не им смета кога патуваат од Скопје до Охрид?  Вредните вработени направија голем труд, силните булдожери татнат низ шумите. Инженерите со креативни планови си ги гризат ноктите за конечно да заврши оваа престисижна трка, која се претвори во агонија.

Сите сме го возеле сегашниов пат многу пати. Ама на овој нов автопат се работи толку долго, веќе заборавивме што се случи околу нас и по светот од 2014 година до ден денес. На пример за прв пат во историјата во 2014 стигна Европска сонда ‘Rossetta’ до кометата 67P/Churyumov-Gerasmenko. ‘Rossetta’ од планета Земја замина во 2004 и беше десет години на пат. Вкупно патуваше 500 милиони километри. Значи има во механизмот на универзумот и за нашава Охридско-кичевска сага светло.

Од 1974 година ги имам доживеано сите патувања низ Европа и бивша Југославија. Од дома Холандија до дома Охрид има 2400 километри. Со моите родители како дете сум бил шестнаесет пати со кола на оваа турнеја. Патувањето од Холандија, низ Германија, Австрија и низ цела Југославија е мил, одлабоко сакан дел од мојата младост. Последните 1134 километри низ силната Југославија беа на плански, од Тито креираниот автопат наречен ‘Братство и Единство’. Тој асфалт ја поврзуваше северна Југославија со југот на земјата.

Како дете мало од задното седиште гледав низ прозорецот кон градилиштето. Им мавтав на стотини, илјадници од ‘Бригадата’. Млади, насмеани, солидарно со лопати го градеа горди патот. И тие херои од сите републики мавтаа по колите. Како да бевме сите дел од некоја весела надреалност.

На старите сообраќајни делови со две ленти, кои допрва требаа да се реновираат и да се приклучат како автопат, имаше многу страшно, лудо, брзо возење. Иселеници, Југословени, Турци, Бугари, Грци од Западна Европа поминуваа во летните месеци покрај овој градежен проект. Се дешаваа редовно несреќи. Судари со крв, солзи и жртви, комплетни фамилии во превртени комбиња. Патот беше познат по опасното камиказа претекнување. За џабе не се викаше ‘пат на смртта.’ Татко ми го држеше воланот цврсто ко да му беше нешто најмило во душата, со голема одговорност спрема нас и другите учесници. Постепено секоја година видов во моето растење патот на смрта како се трансформира во сосем нов, проширен и безбеден автопат. Преку тој асфалт со благи и горчливи мемории ние како фамилија стигнавме стално здрави и прави во Македонија и назад во Холандија. Од секогаш сум бил фасциниран од магијата на тоа феноменално патување во време и невреме.

Сам на волан, и често со моето семејство, ја поминав таа цела рута досега петнаесет пати. Преку Словенија, Хрватска, Србија, Босна, Албанија, Италија, Грција. Најтешко делче од овие спомнати 2400 Европски километри од Холандија до Охрид се последните 170 км: Скопје-Охрид. Ситно е све. Да го издржиш уште ова парче. Ама самата психа, за малку си дома, те турка напред, остануваш буден и свеж. Секогаш заборавам колку патарини има, тамам си ставил во петта брзина и повторно треба да закочиш за следната рампа. Од Тетово до Стража потребно е дупло пазење, нонстоп гледање напред и позади, лево, десно. Како оси има веднаш коли со непредвидливи, опасни акции. На правецот Стража-Кичево-Охрид истите луди сцени. Сите знајме некого или далечен кој загинал на овој пат. До денес ги памтиме. Има делови кои на луѓево им се чинат дека се Формула 1 писти. Не се почитуваа ниту семафори и другата сигнализација поставена поради градежните работи.

Мој личен најголем уплав беше пред неколку години кога во градежните простори со прашина и дупки, 25-30 километри пред Охрид, во тие делови беше остро нагласено повеќе од 30/40км да не се вози. Беа обележени места со специјални мерки и сообраќајни знаци. Уште од далечина во ретровизор гледав како еден шлепер и автобус полн со патници (од реномирана фирма),како се живо и диво претицвеа, на полни ленти, на не логични места, на забранети места, по тесни кривини. И јас ги пуштив тие будали, намалив брзина како полжав. Сакав последните триесет минути од два дена патување и одмор во хотел живи и весели дома да стигниме. Затоа нека се отвори тој автопат што побрзо. Нешто ќе подобриТ. Иначе планинискиот ‘стар’ сегашен пат е во прекрасна околина.

Во последниве десет години бројни настани поминаа, предизвици и цели се остварија во Македонија, исто многу не се исполнети. Меѓувреме Охрид-Кичево уште не е готов. Можеби за десет години од сега ќе славиме нешто друго. Приклучување на друг пат, толку многу повеќе вреден во секој поглед: Европската Унија. Или нека е тоа побрзо од овај Охридско-кичевски автопат со  поминат рок.

Влатко, Амстердам

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.