Пред извесно време околу црквата Света Софија во Охрид беше изградена нова ограда. Пред тоа околу црквата имаше само потпорни ѕидови кои беа потребни а и сосема доволни. Зошто беше потребна нова ограда со шилести железа и катанци останува загонетка. Тие што се со намера да ја прескокнат оградата ќе го направат тоа и така.
Црквата Света Софија е катедрална црква и како таква завзема посебна позиција во Македонската Православна Црква а и посебно место во македонското културно наследство.
Затоа градењето на оградата не требаше да биди само локално прашање. Оградата, чисто архитектонски, воопшто не се склопува со средновековната црква. И не само тоа – таа ја подели пиацата Света Софија, една од најубавите пиаци воопшто, на два дела и ја наруши целината составена од црквата, црковниот двор и околните староградски куќи. Границата и поделбата помеѓу црковното и народното одеднаш стана очевидна.
Пред поставувањето на катанците вечерите во црковниот двор беа исполнети со веселите гласови на децата. Денес таму е штама. Исус вели: Дозволете им на децата да дојдат кај мене, нивното место е при бога (Матеј 18:1). Ако црквата е таа што го симболизира присуството на бог со одстранувањето на децата овде се има направено обратното од тоа што го кажува Исус.
Уште еден Исусов цитат е: Протерајте ѓи препродавачите, праматерите од божјиот храм, во него нема место за трговија (Лука 19:45). Во дворот на Света Софија и по тоа прашање е обратно – таму има место за трговијата а нема место за детската смеа и радост.
Јован Христовски
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив