Пуштена во употреба новоизградената инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.
Новата училница е целосно изградена и опремена по пат на донации, а е во согласност со сите стандарди за категоријата ученици за која е наменета, информираат од училиштата.
Инклузивната соба во голема мера може да помогне за давање поддршка на ученици кои имаат потреба од тоа. Во иднина се надеваме дека покрај оваа инклузивна училница, ќе се направи уште повеќе за инклузивното образование, а посебно ќе се развива инклузивноста со вработување дефектоози, специјални едукатори, логопеди, во секое училиште. На децата им се потребни алијанси кои околу нив ги креираат компетентни возрасни, а возрасните во државата сме ние. Мораме да работиме во најдбар интерес на сите деца, рече во обраќањето директорот на училиштето Сашо Климоски.
На свеченоста беа присутни претставници од донаторите, од локалната самоуправа, од родителите и вработените.
На сите кои дадоа свој допринос во изградба на оваа инклузивна училница, директорот им се заблагодари и им врачи соодветна плакета.
OhridNews