Викендов со првиот тренинг беше означен стартот на новата фудбалска школа. Во неа ќе членуваат деца на возраст од 8 до 12 години, а тренинзите ќе се одвиваат на терените на СРЦ “Билјанини Извори“, секој вторник и сабота.

Уписот на нови членови се уште трае, а заинтересираните сите потребни информации ќе ги добијат од тренерите Павлески Никола (072212122) и Ристески Благоја (075249041)

Ohridnews