Утрово, кога се разбудив да одам на работа, покрај утринската рутина, топло кафе и сл. гледам ќерка ми пуштила ТВ … утринска на Сител…. Тема: институциите потфрлија – поплави во Кичево, Охрид, Косел…. Застанав, пиејки го кафето и се прашав?!?!?!? Ги слушам, гледачи, со свои – забегани коментари во стил овој требаше, оној требаше да интервенира и сл.
АЛООО!?!??!!? Не потфрлија институциите….. Потфрли КУЛТУРАТА И МЕНТАЛИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД…. Кој се уште живее во единствената комунистичка идила дека… ние се знаеме, најпаметни сме и дека Југославија е трета светска сила…. Ех, мој народе Македонски…. Грците преку еден милион се собраа на Синтагма да положат право на нашето име кое очигледно не го заслужуваме, бидејќи повеќе од 70 години сами си го негираме…. Кај нас се собраа 100-200 протестанти кои на новинарите не им беа интересни а камо ли на јавноста… Не ми беше поентата политика, нејсе, да се вратам на секојдневните проблеми…
Јас, или некој друг од Охрид, сигурно не отидовме да фрламе отпад во Коселска река…. па се стеснало коритото и реката поплавила (инаку лани и коселска и сушица – пресушија)…. Ниту јас ниту некој друг од Охрид отпадот не го фрла по каналот на Сатеска која тече низ неколку села…. Пред 30 години кај што крави пасев со роднините на лето и се капевме по виројте на Сатеска, не отидов јас да фрлам секаков отпад, Мешеишта, Волино, Климештани, Корошишта, Требеништа и да не ги набројувам горно-дебрчките села по текот… Тие го оставија или фрлија отпадот…
ИНСТИТУЦИИТЕ…. Еве конкретен пример. За 6 месеци Охридски комуналец доаѓа едно 4-5 пати и го собира ѓубрето кое кучињата го разнесуваат околу нашите дворови, на секој наш повик во рок од 48 часа реагираат…. чистат и после 3-4 дена иста слика, памперси, влошки, кеси, најлони, тоалетна…. распослана на 10 000 метри квадратни околу нас.. каде е проблемот?!?!?!? Во МАКЕДОНЕЦОТ
Нашата улица си купивме канти за отпад, со специјално возило Охридски Комуналец го подига секоја среда и сабота…. и што сега???? Улицата на пример која е паралела на нашата, не сака да купи канти за отпад (1200 ден.) за кои Охридски Комуналец им понуди во сметката да ги плаќаат по 50 ден месечно… На МАКЕДОНЕЦОТ и то не му одговарат, … ѓубрето пак ќе го остават пред двор на ограда обесено во најлонски кеси, за да се соберат што повеќе бездомни кучиња, кои се повеќе се агресивни (станаа голема и опасна глутница). Со изговор, институциите да го решат проблемот и сл.
Неколку пати праќав слики од нашата околина, повеќе немам намера… ги поканувам сите заинтересирани на кафе, ќе се уверат со свои очи што се случува… Не дај ГОСПОДЕ некое наше дете да настрада од здивените кучиња…
Д.Ј.
жител на Видобишта
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите