– Задоволство ми е што сум тука во Охрид на отварањето на народната кујна, во која што секој ден по еден топол оброк ќе примаат осумдесетина охриѓани – рече министерот Бајрами.
Охридскиот градоначалник истакна дека единствно одредувањето на локацијата ја одолговлечила реализацијата на проектот.
–Среќен сум што и социјално загрозените лица во Охрид ќе може да добијат по еден топол оброк– рече Петрески
Проектот за отворање народна кујна во Охрид се реалзира на иницијатива на Владата преку подрачниот центар за социјални работи и во соработка со локалната самоуправа.