Ова лето: покрај дивиоТ рај во Љубаништа. После кампоТ.
Без разлика која партија е на локална власт или кој градоначалник го води градот по својот амбициозен пат. Со добри намери и надеж. Сериозно, одговорно, човечко, правно, љубезно, отворено, културно, спортско, безбедносно, уметничко, земјоделско, еколошко, економско, урбанистичко, сообраќајно, финансиско и здравствено ниво. Тоа се стандарните политички програми.
На локалните избори секогаш се туристичките планови најспектакуларни и најинтересни. Можеби е паметно пред „големите туристички соништа и проекти“ прво да се почне од основата, со мали, но вредни ситници. Чекор по чекор да се средаТ и прекинатТ лошите навики, за што сме сите ние одговорни. Можеби ова е најголем заеднички предизвик.
Се’ за подобра, прекрасна и чиста животна средина. Напред Охрид!
Влатко од Амстердам
*Ставовите изнесени во рубриката Отворена( писма-колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите