Од ко памтам за себе, никогаш, ама баш никогаш, сум немал страв од никакви животинки – напротив, сум се плашел од луѓе – неискрени, завидливи, злонамерни…. Кај животинките не постојат, завист, љубомора, суета и сл. само инстикт за преживување и многу пати знаат да бидат похумани од луѓето…. Кога на кокошките на пример им фрлаш храна, петелот чека прво тие да се најадат а потоа тој јаде…..
Но не ми е поентата на анализа на животните туку да поставам прашање до сите, локална, глобална власт, здруженија за заштита на животни, комунални претпријатија и сите оние кои уживаат да се прозвани или избегнати на оваа тема. Сум чувал најразлични миленичиња… од мачки, кучиња…. па се до птици, аквариумски риби, дури и лилјак и шкорпија…. Знам која е одговорноста да чуваш милениче – потешко е од твое сопствено дете… не е поентата само да го врзиш и затвориш и да му фрлаш храна….
Имавме неколкугодишен проблем со одлагање на домашниот смет, цела улица 20-тина куќи… иако уредно ги плаќавме сметките на комуналец, отпадот требаше 2 пати неделно да го влечкаме 300-400 метри и да му го оставаме на соседот на оградата од дворот. Возилото немаше термин на доаѓање така да бевме принудени тоа да го правиме доцна навечер, за наутро, некоја глутница од кучиња да го разнесе по цела улица и дворови, така да никој не можеше да го собери. Пред 1 година со реакција до ЈП Охридски Комуналец, кои на лице место ја видоа сликата на одомаќената глутница (патем додека беа на увид, кучињата нападнаа 2 девојчина) – експресно обезбедија возило кое ни доаѓа до пред двор и од кантите кои си ги купивме го собира отпадот.
СУПЕР!!! Што сега тука не Чини?!?!?!? Во прилог испраќам фотографии, во кои може да видите како БУКОВО (депонијата) се граничи со нашите дворови….
Значи одговорноста повеќе не ја барам од ЈП КОМУНАЛЕЦ – како што можеа ја завршија работата… На прво место би ги повикал заштитниците на животни кои се многу гласни во одбрана на животните и се претставуваат како нивни големи љубители да дојдат волонтерски да ја исчистат депонијата (цело соседство пробавме неколку пати ама животните си бележале територија и се многу агресивни) и да си ги приберат и да се грижат за нив (ТВРДАМ дека таквите гласноговорници се најодговорни, затоа што баш тие кога ќе им здосади миленикот го оставаат на улица, па после као им е жал) – Баш тие за родендени, јубилеи и сл. подаруваат животни некому кој после кратко време се чуди како да се ослободи од подарокот.
Апелирам до сите кои се надлежни најхитно да се реагира на овој проблем за да не сме приморани да го решаваме на своја рака, имаме деца, кои секојдневно се движат низ улицата, и како и секој родител, многу побитно ни е безбедноста на нашите деца.
П.С. Не би сакал да бидам погрешно сфатен , ниту јас ниту моите соседи, само би сакале да го добиваме она што го заслужуваме и (ПЛАЌАМЕ) во едно цивилизациско општество.
Д.Ј.
жител на Видобишта
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите