Швајцарскиот производител на луксузни производи Ришмон, во чиј состав работи и францускиот Картие, отворил во Париз продавница за часовници која е претставена како најголема на светот, очекувајќи идните клиенти воглавно да бидат странски посетители на францускиот главен град, на чело со богатите кинески туристи. Инвестицијата била вредна околу 70 милиони евра, а Ришмон управувањето му го препуштил на компанијата Буршер од Швајцарија, основана во 1888 година во Луцерн, така да и новата продавница во Париз ќе се вика Буршер, пренеле медиумите. Грандиозната продавница за часовници зафаќа површина од 2200 квадратни метри, во три нивоа, а најубавиот дел го зазема Картие, со сопствен бутик.

Цената на часовниците се движи од 200 до дури 500 илјади евра. Компанијата Ришмон за локација за својата најголема продавница го избрала Париз поради тоа што странските туристи, пред се кинезите, трошат цело богатство за шопинг во Париз, а омилени сувенири им се токму часовниците. Минатата година 1,1 милион французи ја посетиле Франција, а се предвидува дека во 2020 нивниот број ќе достигне два милиони. Дури 60 проценти од својот буџет за патувања го наменуваат за купување, пред се луксузни производи, а во просек трошат по 1470 евра. Покрај богатите кинески клиенти, новата продавница за часовници рачуна и на моќните туристи од Бразил и Русија.