Кај нас не постои тоталитаристички режим. Се почитува другиот, попаметниот, поискусниот, туѓиот труд. Не постои САМОЖИВЕН ЕГОИЗАМ, ПОТЦЕНУВАЊЕ, НЕГИРАЊЕ И ОМРАЗА КОН ДРУГИОТ, БЛИСКИОТ, РАЗЛИЧНИОТ. НЕ ПОСТОЈАТ НЕОДГОВОРНИ, МОРАЛНО И ВОСПИТНО ЗАПУШТЕНИ ПОЕДИНЦИ ВО ОПШЕСТВОТО.. СЕ Е МЕД И МЛЕКО…
Деновиве ми се јави еден колега од Америка, со кој соработувавме пред седум-осум години и ме праша како напредуваат проектите со имплеметација на (ГИС) Географските и (МИС) менаџмент информативните системи во Македонија?
Се најдов во “небрано“. Почнав да пишувам, ама никако да врзам реченица. Никако да одберам прави зборови кои може да ги разбери “номален Американец“. Како да му одговорам дека за тоа во Македонија не се дискутира… дека кај нас постои сосем друг ментален склоп, дека ние сме посебни, дека располагаме со многу високо образовни институции и соодветни кадри.. Секој втор е магистер, имаме огромен број на доктори на науки кои практично знаат се!. И бидејќи навистина е така, во завиткана форма тоа и му го напишав.
ПА НАЈПОСЛЕ КОЈ Е ТОЈ? .. Што има јас нему да му објаснувам до каде сме со имплементација на ГИС И МИС? Нас тоа не ни треба!.. Ние си имаме среден живот, се грижиме за фамилиите.. Ние кога поминуваме со кола покрај факултет, затвораме прозорци.. Да не ни фрли некој диплома внатре..
Имаме по некоја ситна расправија со соседите и ЕУ, но затоа навечер до максимум го исполнуваме НАШИОТ ДУХОВЕН ХОРИЗОНТ со редовни вести од порталите и “телеекранот“, со индиски филмови, фудбал, неколку пивца и обавезно ливче за обложувалница.
Нашите деца се покорни послушници кои никогаш нема да се побунат на партиската дисциплина. Ја обожаваат партијата и се што е во врска со неа. Песни, процесии, знаменца, излети, извикување пароли, обожавање на Големиот Брат, – сето тоа за нив е величествена игра.
Со вакви деца, нашите мајки не живеат во постојан страв. Кај нас уште во забавиште децата учат за нашите револуционери (кои ние во наше време не смеевме да ги учиме) и во нивна чест организираат приредби. Уште некоја година ќе воспоставиме систем на фамилијарна самоконтрола и децата ќе не посматраат ден и ноќ за да не најдат некаков траг на идеолошка неисправност.
Настрана од тоа Министерството за изобилие вети дека во 2014 год. следовањето за чоколада “пер цапита“ ќе се зголеми на 300 гр. годишно. Кај нас не постои тоталитаристички режим. Се почитува другиот, попаметниот, поискусниот, туѓиот труд. Не постои САМОЖИВЕН ЕГОИЗАМ, ПОТЦЕНУВАЊЕ, НЕГИРАЊЕ И ОМРАЗА КОН ДРУГИОТ, БЛИСКИОТ, РАЗЛИЧНИОТ. НЕ ПОСТОЈАТ НЕОДГОВОРНИ, МОРАЛНО И ВОСПИТНО ЗАПУШТЕНИ ПОЕДИНЦИ ВО ОПШЕСТВОТО.. СЕ Е МЕД И МЛЕКО…
Е ова е причината зошто нас не ни треба ни “ГИС“ ни “МИС“. И да му објаснев на колегата, не ќе разбереше. Кој нормален ке ја разбере оваа благосостојба?
Гоце Симоноски
Авторот е со непризнаен труд и образование
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.