Со пригодна свеченост, вчера во Струга беше отворено четвртото издание на манифестацијата „Година на есејот“. Оваа манифестација годинава е во знакот на 200-годишнината од раѓањето на македонскиот преродбеник Димитар Миладинов и 149-годишнината од излегувањето на капиталното дело на браќата Миладиновци „Зборник на народни умотворби“.

На манифестација која ја организира Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, учествуваат повеќе есеисти, теоретичари и писатели од Балканот.

Годинешниот  лауреат на признанието „Година на есејот“ што се доделува за високи достигнувања и афирмација на македонската литература е црногорскиот писател и академик Сретен Перовиќ. Перовиќ е поет, критичар, публицист, енциклопедист. Тој е еден од најплодните преведувачи на поезијата на Блаже Конески, Славко Јаневски, Анте Поповски и други еминентни македонски поети.

OhridNews