Не можев, покрај долго мислење, мозгање и лупање глата… да се воздржам и морав ова да го напишам, сметајќи дека 99,998% охриѓани (од оние малкуте што останаа да живеат овде ќе се согласат со мене…
Да не должам….
Лудиот го најдов – не мора да го потенцирам… ако има грам мозок сам ке се препознајт… Збунетиот?!?!? цел живот го гледам, по улици, по фирми, по училишта… редовно малтретиран, рекетиран, застрашуван, уценуван… и сега во Шпицот на сезоната кај што се пикнал 10 дена в кокошарник да преспиет, по приказната за штурецот и мравката (на зима никој не барат кревет, соба или апартман)… на зима да мојт по некое зрно ориз до налето да варит… ЛУДИОТ излегува официјално со МОЛБА и ПРЕПОРАКА…
-Како општински Совет за безбедност во сообраќајот, ги замолуваме нашите сограѓани, своите патнички моторни возила да ги користат при крајни и неодложни потреби и крајно рестриктивно да ги користат возилата, пред се во централното градско подрачје. Со тоа, најдиректно ќе го дадеме својот придонес кон намалување и елиминирање на сообраќајниот метеж во градот, ќе се избегнат застоите во одвивањето на сообраќајот и значително ќе им се помогне на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во нивните напори за одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона. Секако, на тој начин ќе ја манифестираме и нашата сообраќајна култура и совест со што, и на тој начин ќе им покажеме и добредојде на домашните и странските туристи кои деновиве се поинтензивно доаѓаат во нашата туристичка матропола. Воедно, сите учесници во сообраќајот, ги повикуваме на внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, со што значително ќе ја подигнеме сообраќајната превенција и севкупната сообраќајна безбедност во Охрид. – велат од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.
Е ПА ДРАГИ ЛУДИ СЕДНАТИ ВО ФОТЕЉИ, НАФАТИРАНИ И БЕЗ ГРАМ МОЗОК… ОТВОРЕНО ВИ ПРЕДЛАГАМ УШТЕ НЕКОЛКУ АПЕЛИ И ПРЕПОРАКИ
– Апел до Охриѓани да не сер.т и мо.ет зато што сите тендери ги утнавме минативе 20 години и вашите го.на и мочој.и канализацијана не мојт да ги примит… (во чест на туристине, да не ја утниме сезонава…) аку останавте едно 25 000 (а за избори ве имат 55 000)…
– Тие што не издавет соби, имет фирми и морат секој ден дотур на роба да напрает… да одат Елшани, Велесто и последните 7-8 магариња да ги купат или изнајмат (ако во меѓувреме ХОЛАНЏАНИНЕ НЕ ГИ ЈАВЕТ) и со нив да носат роба по продавници, ресторани кафетерии… Зш на полицајцине им текна дек на улица им е работана, па казни пишет…
– ОхриЃани… се молат да не пијат вода и да не се капет…. Притисокот е слаб или пола град немат вода, да остајме туристине да се искапени, и намирисани….
– Човек е жртва во сообраќајка, (дупка на пат) го носат во хирургија, никој не пријавуват сообраќајка, па искршениов ојт и пријавуват му велат, абе немат кој да дојт на увид, Св. Еразмо е денес цела сообраќајна полиција е таму…. Не дај ГОСПОДЕ… да пријавиш силовање, убиство… Од Скопје ќе ги чекаме…. Ми се зажали полицаец по градов да видам… Ги имат ко не ќе се надеваш… Казни да пишат за буџет да се наполнит… обично пред крај на месец после 25-ти…
– Апел до Охриѓани… Доста за Петровденски пости грав јадевте посен, така да нивото на сулфур го подигнавте до космички размери … завршија постите, се надевам дека и малку месо ќе касните и нема од вашите прде*и да се тресит Охрид, па туристине да ни одкажвет…
– АПЕЛ ДО ЛУДИОТ… И јас сакам на лето да сум на плажа, наместо да се нервирам во хаосон за кој што вие сте одговорни… и јас не сакам 3 пати дневно да се мафтам по банки, фирми, дуќани и сл. на овој пекол… ама .. морам… да извам една рака ориз за на зима… а вас да ви плаќам сите можни и неможни давачки за да мојте да се луксузирате, да јајте јастози, да шетате по светов, да купвите имоти и сл. што е во кодот и крвта ваша…. Сетете се дека не сте вечни… имате деца… и тие треба да живеат овде кај што се родиле…. ама да живеат спокојно, заедно со моите деца и децата на оние малку збунети што останаа во градов…
ЛУДИОТ го најдовме, ЗБУНЕТИОТ исто така…
Кај е НОРМАЛНИОТ?!?!?!?
Џабе Србите не рекле ЛУД је*е ЗБУЊЕНОГА…
П.С. Се надевам дека ова ке доприт и до ЛУДИОТ и ЗБУНЕТИОТ… па конечно сите да сме нормални…
Д.Ј.- збунет охриѓанец
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите