Минатата недела на Ohridnews можевме да читаме за младиот човек кој се здоби со тешки телесни повреди кај месноста Лабино. Спреме написот, до несреќатa дошло заради невнимание и подлизнување на повредениот.
Без да навлегуваме во овој специфичен случај, треба да констатираме едно. А тоа е дека пешачката патека која води од Канео преку Лабино па се до Даљан е лошо обезбедена. На страната спрема езерото недостасува сигурносна ограда што ја прави патеката опасна по живот. Пред неколку години, со една група странски туристи, направив прошетка по патеката. Ако за време на прошетката некој од групата се подлизнеше во провалијата, дали тоа ќе беше од невнимание или затоа што недостасува сигурносна ограда? Таа прошетка беше мојата прва и последна по патеката.
Колку што мене ми е познато, ова е втора несреќа од овој вид кај Лабино. А ако ништо не се превземе сигурно не и последна. Одговорноста за да не дојди до тоа се разбира лежи кај Општина Охрид која мора да изгради сигурносна ограда што побргу.
Јован Христовски
Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите