(Одговор на писмото „Кон Вевчанскиот Карневал“ од Е.Р., објавено на ohridnews.com на ден 16.01.2015)
Драги (Драга) Е.Р.,
Го примив твоето слатко писмо и го избацив стотина пати…Уствари не. Ај пак…
Го прочитав твоето писмо и просто не можев да си вервам на очиве. Аку те разбрав (а сигурен сум дека одлично те разбрав), ти го критиковаш паганскиот карневал во Вевчани дека бил пагански. Можда сум заостанат или неинформиран, ама ја не сум имал прилика да чујам за некаков христијански карневал. Ак знајш ти, слободно кажи – тој податок би бил доста корисен во светската антропологија, етнологија, етнографија и уште во еден куп слични научни области. Суштината од карневалов је луѓето накратко да се вратет на паганските корени, па зато палет огној, се маскирает во страшни битија, се пијанет, шетает по куќи, пеет мрсни песми и слично. Сега, дали ѓаолот натемаго се радвит на таквите работи (ко што велиш ти), не мојме да знајме. Едино знајме дека и учесниците и гостите поприлично се радвет и убо си поминвет.
Да не должам, излегвит дека имаме на располагање две опции за во иднина да немаме вакви недоразбирања:
Прво, целосно да је уведиме христијанската доктрина во сите општествени пори, па да забраниме пагански обичаи и празници, како на пример карневали, ритуални огној, Василица, Коледе, Лазара, Поклади, Ѓурѓовден, Иванден, мартинки, свечено чекање гости со леб и сољ….еден куп вакви имат, немам време (а ни живци) да набројвам уште.
Второ, да си ги остајме на раат паганските обичаи кои сведочет за нашите корени и да се гордејме со то што сме еден од ретките народи кои успеале да си је задржет својата изворна култура и традиција низ многу векој. Ем да си бидиме рисјани, ем да не бегаме од себе.
Што мислиш ти, што би било поубо?
Сулејман Хаџиефендимуарембеговиќ (авторот воопшто не и је познат на редакцијата)
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.