Напомена:
Аку случајно или намерно си се родил во некој град, во случајов – Скопје, тоа незначи дека по автоматизам си од истиот, или пак уште помалку – припаѓаш таму.
Хартијата трпи се. Па и ова!
На оваа “хартија” сите до еден глумат лудило, и никој не е начисто сам со себе кој е и што е??!!
Како прво. Сите – ама сите до еден, се од внатрешноста или со јазикот на “чистокрвните скопјани” – од провинција. Од тој што чува коза на тераса (во коментар), до тој што пишува написи, мислења, текстови… а Бога ми и тој (во случајов јас) што коментира. Скопје не е ништо друго, туку (без навреда) Собирен центар, во кој како и секаде, се “искача у град”. За тоа требаат “ноги”, а за да”наручиш” и испиеш пијалок, требаат “руки”. И така… “у субота на вечер” секој е “у шема” и секој е “чистокрвен скопјанец”. Е… тоа си, се дури ги упразнуваш тие фрази. Сите други што не зборуваат така, осудени се на ерес… неприпадност…
Но, реалноста е нешто сосем друго. Тие што “смеат”да го носат “предзнакот ск” одамна ги нема или се многу, многу малку. И по некое непишано правило, тие не се експонираат на ваков начин. За правите скопјани ваквиот начин на “докажување чистокрвност” е чиста малограѓанштина.
Вреден за размислување е и следниов пример. Една од “иконите” на Скопје секако е и водачот на култниот “Леб и Сол”. “Чистокрвните скопјани” го сметаат за олицетворение на Скопје и без сомнение со задоволство би се “идентификувале” со него. А тој пак, видете, не е од Скопје. И ред други примери! Ќе нема доволно место аку продолжам…
Како второ: Никој. Верувајте, никој не му посакува лошо на Скопје. Сета таа фама, дека никој во Македонија не ги сака “скопјанчишчата” упорно се турка напред баш од тие што по секоја цена сакаат да бидат “скопјанчишча”. Имам многу другари и пријатели од Скопје, а сосем се во ред! Горд сум на сите нив и нивната нормалност.
… А!? Како трето: За културата! Секој сам си е одговорен. Не само тој што чува коза на тераса туку и тој што пишува и… И затоа, вие, “чистокрвни скопјани” гледајте да помогните да се воспостави некој ред и традиција во “тоа Собирниот Центар”, така што ќе ги тргнете вашите маски и слободно ќе вдишите малку “чист воздух од внатрешноста”. Немојте да се плашите. Ниту пак да се срамите. Впрочем, тоа е ваш воздух. На тој начин ке заживеете нормално, во сите сегменти од животот. Доста е криење зад минливи шеми и излитени фрази од “чистокрвниот” жаргон.
Од мене толку.
Аку мислите дека грешам – нека ви е простено.
Со почит до “чистокрвните скопјани”
Ристо Ристе
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.