Гледам ова по фејсов фан страниве на угоститеслкиве објекти ширум Република Македонија, нешто многу негативни коментари од „задоволниве“ туристи/гости има. Абе жив срам ме изеде додека ги читав.
Абе Владава, туристичкиве агенции, и уште не знам кој, да успеат во земјава да донесат 10 милиони туристи, абе никој друг нема да ја зафркне целата работа ако не така наречените угостители.
Секогаш кога нешто не е во ред во угоститеслкиве објекти, лично јас секогаш го вперувам прстот во вработените, т.е персоналот, ама не било секогаш така, сум грешел, каков ќе биде персоналот, дали ќе биде добар, лош, културен, учтив, арогантен…. се тоа зависи од изборот на менаџерите, газдите, сопствениците на истите. Тие се тие креатори на целокупната слика во објектот. Уствари не секогаш лошото работење може да им го препишеме на келнерите и готвачите, некогаш и тие мораат да работат онака како што ќе им наредат. На пример, кога „менаџерот“ ќе направи пред/новогодишна понуда со неограничен пијалок, и кога истиот тој ќе им рече на келнерите „одете, оставете јадењето, дадете им по една пијачка две, да не се вртите околу нив, да не се пие многу да не прајме трошок отповеќе“, што може да направи келнерот, освен да го заврти грбот и да маваат гостите по него за тоа што нивната маса ја посетува келнерот на секои 30 минути по еднаш?!
Или што е виновен персоналот кога газдата лаком за пари во ресторан со капацитет од 150 гости ќе настега 200 души без простор за движење, па и ќе им го исклучи греењето за да заштеди? Изгледа мисли ќе ги опијани гостите со домашна ракија, која ја продава како тиквешка лозова, па ќе заборават на сите глупости?! Е па не е така, нема сите да се опијанат, се` некој ќе се најде што јавно на вашите фан страни на фејсбук ќе ве направи резил. И не само тоа, после кога ќе дојде време да органзиирате нова прослава, да заработите пари, и кога нема никој да ви дојде, ќе исполнувате капацитет со фамилиите на вработените, не за друго, да не пукне брука за некој како вашиот „објект со реноме, и звучно име“.
Еден од поинтересните угостителски бисери беше дочекот на Новата Година во Кавадарци, во еден локал, во која газдите биле толку креативни, иновативни и уште куп други ИВНИ, па за женските карта 1200 денари, за машките 1600…. зашто знаете, подобро е да има повеќе женски отколку машки. Дискриминација?!
Најако е кога во цела таа атмосфера ќе биде понесен и персоналот, па кога во еден објект со 4 ѕвезди, не само што не смеат да помислат, а не да го направат тоа, келнерките и шанкерките ќе излезат на подиумот и им прават циркус на гостите. Бруки…
Угостителски работници само продолжете така… Далеку ќе стигнете!
За среќа малку сте такви, и како поединци сте навистина небитни дали ќе имате успешен бизнис или дали ќе пропаднете, ама со вашите постапки навистина влијаете туристиве да формираат стереотипи и предрасуди, не само за вас како објекти, туку и за едно цело туристичко место, па и за државата во целост. За што мислам треба навистина хотелиериве, здруженијава, и другиве институции да се позанимаваат со таквите како вас, и да ви укажат на тоа како треба а како не треба да се работи.
И да, секоја чест за оние, вистинските угостителски објекти, на вистинските угостителски работници, што како и секогаш, најдобри, одмерени, професионални, секогаш го ставаат на прво место гостинот, и неговоите желби и потреби. Вие сте и навистина пофалени од вашите гости јавно, преку секојдневен муабет со роднини, пријатели, познаници, преку социјалните мрежи…. Добриот глас навистина се слуша далеку!
Еве ќе ви пренесам дел од критиките на социјалната мрежа фејсбук, на фан станите на некои угостителски објекти, во оригинална форма како што се пишани, со секако ХХХ ставено на местото на името од објектот, не за друго, не сакам да правам ни реклама а ни пак анти-реклама.
Читајте:
-Restoran na preubavo mesto so katastrofalna usluga,personalot nekulturen i aroganten,a higienata e posebna prikazna…
-Не знам дали сопственикот на ресторанот знае што се случува во ресторанот.
Хигиена нула, околу вас фрлени кеси, книжни салвети, храна. Одвратно. Персоналот е посебна приказна, нељубезни, арогантни, бавни. 15 минути чекав да ја исчистат масата од остатоците од претходните гости и кога го замолив келнерот да ја исчисти и да ја прими нарачката, беше крајно некултурен, нељубезен и безобразен. Кога побарав да го повика одговорниот, зајадливо се насмеа. Шефот не се појави, се појави еден друг келнер кој ништо не превзема. Си заминавме цело друштво во соседниот ресторан, каде што добивме солидна услуга. Срамота. Рекламата за охридските келнери што се дава на ТВ верувајте дека не е ни одблизу на реалноста што ја доживеавме во оваа биртија. Дека не сум субјективен, да кажам само дека во ХХХ во Прилеп секогаш сум добивал првокласна услуга!!!
-Nevideno loso organiziran docek na nova godina , bez dovolno mesta za sedenje , hrana katastrofa a muzika…. ne postoii dovolno los zbor za da se opise.Ocekuvavme sekoj moment da dojde nekoj i da ni kaze deka e “skriena kamera” zosto e nevozmozno se da e tolku mnogu loso.A da i izmrznavme kako da slavevme na otvoreno.Katastrofa
-Losa usluga,ladna atmosfera i nevkusna hrana. Za razlika od porano katastrofa!
-PRETERANO PRLJAVO, NELJUBEZEN PERSONAL, STRAMOTA. EDNAS BEV I NIKOGAS POVEKE. NE BI GO PREPORACALA NA NIKOGO. TOLKU REKLAMA A ZA STO…..? NEMAM ZBOROVI. SO EDEN ZBOR KATASTROFA
-Kulturno se javivme za da zakazeme masa za cetvorica za rucek okolu 16 casot i na toa dobivme prasanje do koga bi ostanale???!?!?! Togas im rekov deka neznam normalno zavisi od raspolozenie a oni rekoa deka nakaj 18 casot ke imale nekoi gosti sto barale besprekorna tisina pa taka da nie mozebi ke im smetame…Neznam kakvo e toa odnesuvanje na eden menadzer koj te ogranicuva so vreme namesto da se trudi da te zadrzi sto poveke. Neka bide ova edna pozitivna kritika za vo idnina da ne gi forsirate gostite sto pobrzo da si odat a seuste ne se dojdeni…tuku da bidete pokorektni vo odnesuvanjeto.(podobro da mi kazevte nema mesto 🙂 )
-Цело време на сметката ни куцаше конобарката Смирноф вотка и Гордонс џин, а седевме на само метар од шанкот- каде што се гледаше дека ни ставаат водка VIGOR i џин SAX,.При крај на вечерта на последната тура реагирав затоа што плус на сметката писувашр „ЈАДЕЊЕ ПО НАРАЧКА„ еее тогаш веќе не ми останаа нерви и кога ги прашав зошто е тоа така ми каза дека тоа е ЏИН ТОНИК иако посебно нарачувавме џин , а поседно шише ТОНИК. Засрамота каква брука кој менаџери го водат овој преубав ресторан, ееееј да ти ставаат едно , а да ти наплаќаат друго,, Е затоа беше ова мој последен пат да одам, а доколку се одлучите Вие тогаш пазете што ќе ви стават!!!
Тони Павловски
Дипломиран менаџер по туризам и хотелско ресторанско работење
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив