Љубовта кон фотографирањето на самиот себе сега е можно да се подигне на ново, академско ниво и после посетувањето на колеџ можете да станете квалификуван мајстор за фотографирање селфи. Освен креативно пишување, фотографирање, разни информатични вештини, јазици, природни науки, масажи или психологија, во една обраазвона установа во центарот на Лондон од неодамна можете да стекнете диплома и од фотографско автопортретирање.

 

Едномесечната едукација од селфи на колеџот СитиЛит ќе ви помогне на профилите на социјалните мрежи да ставате поквалитетни фотографии, но и да го избрусите критичкото размислување за фотографските автопортрети. За почеток, треба пред сите да ги претставите своите стари „уметнички дострели“ и да бидете спремни на критика, а на часовите се анализираат и некои од познатите селфи моменти, како оние на Ким Кардашиан или славните фотографии на Елен Деџенерис од доделувањето на Оскарите во 2014. Освен за фотографијата на едукацијата може да се научи нешто и за идентитетот и помнењето.