Како да ги задоволиме потребите на туристите кои доаѓаат во Охрид, да направиме цело време додека се тука да им е интересно, забавно, исполнето… Во ниеден момент да не се почувствуваат досадно, монотоно, да немаат што да прават и да седат во нивните хотелски соби и апартмани?! Како да ги натераме туристите цело време да бидат активни, да се задоволни а со самото тоа да го одврзат ќесето и секако што повеќе пари да остават во Охрид?
Од минатата летна сезона до нареднава, сме некаде на половина, имаме уште неколку месеци за да се подготвиме, да размислиме што ќе правиме следнава сезона, како да го збогатиме престојот на туристите со повеќе активности и содржини.
За сите работи кои влијаат врз подобрување на туризмот често велиме дека се потребни многу пари, многу време…. НЕ, не е така, има многу работи кои можат да се направат без пари, или за многу малку, потребни се само идеи, желба за работа, труд, посветеност. И секако сите заедно да настапиме на туристичкиот пазар, од маалска продавница па се до најлуксузниот хотел во Охрид.
Дали е возможно да се соберат на заедничка маса сите субјкти од Охрид кои на директен или индиректен начин имаат поврзаност со туризмот и угостителството и да ги здружат заедно силите, со една цел, да има повеќе содржини, повеќе задоволни гости, а со самото тоа и поголема финансиска добивка?
Што сакам да кажам со ова??? Најпросто ќе го објаснам со еден пример, па самите донесете заклучок, дали сето ова може да се оствари.
Утро е, гостите доаѓаат за појадок, келнерот љубезно ги поздравува и ги послужува со јадење. Во текот на постојана комуникација келнерот разговара со нив, комуникативен е, предходно добро информиран со сите настани во градот. ,,Господа доколку сеуште не го имате испланирано денот да Ви предложам неколку локали и објекти низ градов во кој има интересни случувања. Денес од 12 до 15 во кафе бар ХХХ има Happy hour цените на сите пијалоци се намалени за 20%, паралелно на тоа има и денска журка со ХХХ бенд, навистина ќе е интересно..,, На друго место има таков и таков настан…… ,, Келнерот веќе му дава на гостинот неколку информации и веројатноста дека гостинот ќе одбере некоја содржина е голема. Така додека седи и нема што да прави во хотелот, ќе излезе и ќе троши пари. Понатаму на барање на гостинот хотелот му повикува такси. Таксистот љубезен и исто како и келнерот предходно добро информиран со сите настани, ги прашува гостите каде одат, откако ќе му ја кажат крајната дестинација, тој му дава дополнителни други предлози што после тоа. ,,Во 18 часот има ликовна изложба во ХХХ, во 20 часот во ресторан тој и тој ќе пее ансамбал ХХХ….. Исто како и келнерот така и таксистот им дава информации и предлози што може да посетат тој ден, наместо она до сега што го прават таксистите, ги замараат патниците со банални работи…. Кога гостинот ќе појде на пример во маркет, од таму ќе му кажат ,,со секоја сметка над 1.000 денари добивате купон во кој имате попуст од 10% во ресторан ХХХ….
И да не набројувам понатаму, може уште да се пишува. Сето ова да биде еден долг синџир во кој ќе соработуваат сите и секако со предходна координација, синхронизација и комуникација меѓу сите субјекти во Охрид.
Значи келнерите, таксистите, продавачите да бидат еден вид подвижни реклами, кои ќе рекламираат бесплатно. Секако ништо не е бесплатно, но од ова не губи никој ништо. Ако таксистот му препопрача на некој турист некој ресторан да посети, истиот тој ресторан кога гостите ќе побараат да им се повика такси за превоз или ќе побараат телефонски број од некое такси, тие ќе му го препорачаат тоа такси од таа фирма кое предходно ги упатувала нивните патници да го посетат тој ресторан, наведуваќи им дека се најдобри, брзи, безбедни…
Дали може ова да се изведе??? Што мисли охридската јавност за ова? Што мислат угостителите, трговците, превозниците за ова? Дали може да седнат сите на заедничка маса и да дискутираат и заедно да работат за остварување на голем профит?! Ќе повторам, додека туристите седат во своите соби, незнаат што да прават, да ги натераме да потрошат и остават што повеќе пари во Охрид.
Паралелно на сето тоа, според можностите и овластувањата на секторот за туризам и локален економски развој, во текот на сезоната, да издаваат дневен билтен, со сите случувања за тој ден. Истиот да биде поделен по повеќе рубрики. Рубрика за спорт, значи сите спортски активности и содржини, рубрика забава, сите забавни настани тој ден, рубрика култура…… и иститот тој билтен да се доставува до сите објекти, истовремено да биде и водич на туристите, билтенот да биде лесно достапен и да се продава по некоја симболична сума.
Тони Павловски
Дипломиран менаџер по хотелско ресторанско работење
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.