Синоќа во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ се оддржа изложба на охриѓанката Кристина Маринковиќ насловена како „The art of make up“.  

Преку 18-те креации, охриѓани имаа можност да се запознаат со овој автентичен проект на искусната Марниковиќ, кој претставува спој помеѓу шминката и уметноста. Темите присутни во делата на нашата сограѓанка се спој на модернистички стилови на шминка, кои за првпат се користени кај нас.

OhridNews: Што всушност претставува изложбата The art of make up и кој стои зад целокупниот проект?

К.М.: The art of make up е проект кој е спој помеѓу шминката и уметноста, како и 5-годишнината на    Make up by Kika и салонот за убавина Atelier. Сите овие елементи влијаеа врз мене како артист, кој се реши за едно несекојдневно и свежо искуство , преполно со бои и убавина. За реализација на The art of make up најзаслужни се моето семејство, моите пријатели и истомисленици, Петар и Боби , Бела Дизајн и моделите кои дадоа се од себе ова да се оствари. Финасиските трошоци сама ги покрив.

OhridNews: Со колку дела имаа можност да се запознаат охриѓани и колку сте задоволни од посетеноста и ракциите од присутните?

К.М.: Вечерва беа изложени 18 креации на различни позадини, со различни типови на шминка и повеќе мотиви кои беа поистоветени со градови од цела планета, според изгледот и боите употребувани на нив. Фотографиите ги видоа повеќе од 200 луѓе, вљубеници во шминката , уметноста и урбаниот стил на живеење во Охрид. Со еден збор презадоволна сум.

OhridNews: Кои тематики се опфатени во делата и колку шминката може да ги долови емоциите, чувствата и
и секако слободата на изразување?

К.М.: Темите кои беа присутни вечерва беа од мешовит карактер , пред се модернистички стилови на шминка , за првпат користени кај нас. Работам со посебни брендови кои ми овозможуваат слобода во изразувањето и доловувањето на повеќе емоции кај моделите, како и кај гледачите на овие дела.  Да, шминката предизвикува емоции. Најчесто позитивни.

OhridNews: Колку оваа уметност е застапена кај нас, за разлика од другите градови ширум земјава?

К.М.: Во Македонија можат да се избројат на прсти вистинските makeup артисти кои навистина се трудат околу уметничкиот аспект на оваа професија. Сите се знаеме и се почитуваме меѓусебно. Се надевам дека ќе имам повеќе изложби во иднина , како и моите колеги.  Следната изложба ќе е изненадување.

OhridNews: Што всушност се крие зад твоето портфолио и колку години се занимаваш со оваа „пасија“?

К.М.: Уште како помала мојата пасија беше да ги разубавувам луѓето на свој начин. Имам повеќе меѓународно-признати сертификати   и повеќе од 30 фото сесии зад мене. Пред една година отворив и салон за убавина во Охрид. Најбитно ми е клиентите да ми ја препознаваат страста во работата и да се препуштат на мојата креација.

OhridNews: Конкретни планови за во иднина?

К.М.: Дефинитивно , имам големи планови. Нека останат тајна. Како застапник на брендови на професионална шминка се гледам себеси на повеќе полиња. Времето ќе каже и покаже. Со секоја боја биди своја.

Инаку, проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

O.T.

К.М.:
К.М.: