Вечерва во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид свечено беше отворена изложбата на фотографии со наслов „Спомени од Чешка“. Фотографиите се на теми од културното наследство и секојдневието на Република Чешка.
Автор на фотографиите е охриѓанецот Никола Павлески кој своите фотографии на разни теми ги има изложувано во Македонија и во други земји, а некои се објавувани и во разни публикации. Најновата изложба е плод на неговата неодамнешна посета на Република Чешка каде изложуваше фотографии од Македонија.
Изложбата ја отвори фотографот и писател Мишо Јузмески, кој се осврна на тематскиот избор на изложбата, а даде приказ и на целокупната фотографска работа на Павлески.
Изложбата е отворена до 18 март 2016 година.
OhridNews