Денеска во музејот „Робевци“ во Охрид, беше отворена изложбата „Сонувајќи со ѕвездите” од Ана Андроска од Скопје.
Пред присутните, Андроска се заблагодари за поддршката и соработката која што таа ја добива од љубителите на уметноста.
„Сакам на сите да ви посакам добредојде. Благодарам што ме почестивте со присуството, се надевам дека ќе уживате во еден дел од мојот сон, кој всушност е реалност.“ – истакна Андроска.
Андроска е сликар и графички дизајнер од Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006-та година.
Досега има реализирано 2 самостојни изложби: „Лајка” 2007 во отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и „Сонувајќи со ѕвездите” 2012 во Национална галерија на Македонија – Чифте амам.
Инаку, изложбата е во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ од Охрид.
O.T.