Синоќа во просториите на Културно информативниот центар „Култура 365“ беше отворена ретроспективната изложба „Звукот на светлината“ од охридскиот фотограф Петар Боев.
„За Боев фотографијата е оаза што го заштитува од сите ветришта што виорат во надворешниот свет, љубов што му овозможува на секој што ќе ја восприеми нејзината топлина бегство од самотијата или од разделеноста.“ – истакна м-р Лидија Размоска
Инаку, пред неколку месеци, уметникот Боев ја оствари својата трета самостојна изложба на фотографии, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
OhridNews
фото: M. Јузмески