Викендов во „Воска АМАМ“ беше отворена изложба на младата охридска уметница Зухал Неби Мумин.

Пред бројните присутни, Мумин, која е дипломиран вајар, прикажа слики обработени во различна техника, со кои на еден начин прави премин од класичната слика кон вајарското дело.

Како дипломиран вајар, до сега бев чирак кај мојот драг професор и ментор, Беди Ибрахим, но со оваа изложба и дела направив чекор понапред кон мајсторството. Изложбата помина одлично, а сакам да изразам благодарност до сите мои пријатели.“ – вели Мумин.

Како што таа објаснува, сите слики се обработени и именувани според вистински приказни за вистински случки од животот.

Користени се платно, хартија, акрили дрво и друго. Значи не се работи за розеви сцени од животот, туку оние кои ги гледаме преку прсти. Малку необична тема, но ме радува сто посетителите беа воодушевени и полни со емоции.“ – завршува Мумин.

OhridNews