По повод 20-годишната од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Чешка, односно 150 годишнината од основањето на „Societe Generalе“, викендов во галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена изложба на карикатури од Јозеф Блеха.

Амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Рамеш, пред бројните присутни истакна дека оваа изложба претставува мал подарок за љубителите на уметноста во Охрид.

Една од главните причини за нашата средба е прослава на 20 години од воспоставувањето на дипломатските односни помеѓу Република Македонија и Република Чешка, а изложбата на чешкиот уметник е мал подарок за охридската публика по повод овој јубилеј.“ – рече Рамеш.

Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка, Јитка Пантучкова, истакна дека 150 годишнината од основањето на „Societe Generalе“ претставува потврда за отпорноста на банката.

Да го поткрепеме имиџот на солидарност и одржлиовст, да ја подигнеме гордоста, да ја прославиме лојалноста на сите клиентски групи. Да му дадеме секому можност да ја изгради иднината, дотолку повеќе што оваа годишнина ќе ја одбележи групацијата. Нашата клучна заложба за време на оваа прослава е да се фокусираме на нашите клиенти и вработени.“ – рече Пантучкова.

Задоволство од изложбата, но и од убавините на Охрид, искажа прашкиот ликовен уметник Јозеф Блеха.

Почестен сум што ете денес сте вие тука, љубителите на уметноста. Она што вечерва е тука изложено е мојот труд и работа во изминативе 30 години. Искрено, не очекував дека ќе дојдам не само тука, туку и на повеќе места во Македонија.“ – потенцира Блеха.

Инаку, настанот беше во организација на Амбасадата на Република Чешка во Македонија и „Охридска Банка“.

O.T.