На малиот плоштад во Охрид, денес, беше отворена изложба на фотографии за биодиверзитетот на Националниот парк Галичица и Охридското Eзеро.

Изложбата се одржува по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија ,  „Природата-  наше здравје, наше богатство“, во организација на општина Охрид, а во соработка со  Делегацијата на ЕУ, Националниот парк  „ Галичица“ и Нуркачки клуб „ Амфора“.

Целта  на одржувањето на настанот е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон  природното богатство.

Изложбата ќе трае до 26 јуни, а фотографиите може да се погледнат во периодот од  10 до 20 часот.

OhridNews