Викендов во КИЦ „Култура 365“ беше отворена изложбата на уметницата Ана Шќекиќ од Црна Гора.

Настанот насловен како „Крв“ кој беше најавен со видео проекција, го отвори м-р Лидија Размоска.

Циклусот фотографии од изложбата „Крв“ го носи прашањето за длабочината на самите нас, чии корени ги достигнуваме во тишината како важен сегмент за бурните психички процеси. Ана Шќекиќ сакајќи да го претстави моментот на абреакција го нуди прифаќањето на случувањата околу нас како расветлување и повторно доживување на тие случувања кои се најинтимно поврзани со детството, процес кој неж води до повторно раѓање.“ – потенцира Размоска.

Инаку, Ана Шќекиќ дипломирала сликарство во класата на проф. Бранислав Секулиќ на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње. Добитник е на студентската награда за цртеж и сликарство. Изложувала самостојно („Портрети и движења“, изложба на цртежи) и била учесник на многубројни групни изложби. Студент е на магистерски студии за мултимедијално сликарство на истиот факултет.

Изложбата ќе биде отворена до 16-ти овој месец.

OhridNews

фото: Мишо Јузмески