Синоќа во КИЦ „Култура 365“ во Охрид свечено беше отворена изложбата на камени мозаици под наслов „Душата на каменот“ на авторот Ленче Јовановска.

На свеченоста зборуваше реномираниот македонски ликовен уметник Јордан Манасиески, кој се осврна кон уметничкото значење на изложените дела.

Изложбата е отворена до 8-ми март 2016 година, а посетителите можат да ја посетат секој ден од 10 до 15 часот.

OhridNews
Фото: Мартин јузмески