Иако и самата помисла на егзотични и необични пајаци и скорпии кај повеќето луѓе предизвикува страв, хрватскиот природонаучен музеј ќе се обиде да ја надмине таа предрасуда и на изложба ќе ги прикаже тие животни во поинакво светло. Нивното мото при отворањето на изложбата ќе биде дали можат овие животни наместо страв кај нас да предизвикаат чувство на убавина и сила.


На изложбата ќе се најдат многу видови на пајаци, скорпии и стоногалки. Целта на изложбата е да го промени мислењето на оваа посебна група животни, која по многу нешта е различна од другите. токму поради тоа, покрај живите примероци ќе се најдат и многу информации и фотографии кои на посетителите ќе им понудат единствено доживување.