Во соработка со Отворените забавни фудбалски школи, Данската фудбалска федерација, УЕФА И Локалната самоуправа на град  Охрид денес на С.Р.Ц.Билјанини Извори  беше отворена годинешната Отворена забавна фудбалска школа. Школата ја отвори градоначалникот на Охрид, Александар Петрески,  кој на дечињата им посака успешна работа во наредните неколку дена. Почетокот на школата беше означен симболично со пенал кој градоначалникот му го шутираше на познатиот водител Жанко З’ш Голабоски.


На оваа школа учесници ќе се децата од 7 до 11 години од општината. Сите дечиња добија пригодни подароци, маички, шишенца за вода итн.


Школата ќе трае една недела и ќе се одвива на СРЦ Билјанини извори.

ohridnews