Еден од главните адути на Охрид при неговата туристичка промоција је старото и кристално чисто езеро, богато со многубројни ендемски врсти флора и фауна. Ова богатство го препознало и УНЕСКО, па го клало езерото на својата „елитна“ листа како заштитено светско природно наследство. Нормално, за развој на туризмот се потребни и други фактори – од основна инфраструктура и сместувачки капацитети па све до комерцијални и забавни атракции и содржини.
Охрид отсекогаш бил во послаба позиција споредено со „конкурентските“ дестинации ради малиот маневарски простор за користење на некои од горенаведените елементи за туристички развој. Ова је од причина што конкурентите во околинава „немает што многу да штитет“ ко ќе станвит збор за екологија или природни ресурси. Најчесто станвит збор за приморски места кои во последниов период забрзано је комерцијализирает својата понуда (примерот со Албанија је доста близок и свеж), па долж обалата градет огромни туристички структури со цел да се постигнит максимален финансиски учинок од оваја доста доносна стопанска гранка. Овие нови, изнасилени содржини имает неспорен негативен ефект врз природата, ама најчесто во тие средини и не се губит некој „значаен“ природен ресурс.
Од друга стрна, за разлика од морето, Охридското Eзеро је доста мало и изолирано и функционират како поприлично затворен екосистем, па секое човечко посегање по неговата невиност (бар таја што останала) можит да значит и нарушвење на целиот негов природен баланс. Поозбилно „играње“ со тој баланс можит да предизвикат и тешки последици после кои градот Охрид и државата Македонија веќе не би можеле да се фалет со „кристално чиста вода со провидност преку 20 метра, богат растителен и животински свет во кој спаѓает и завиден број ендемични сорти, заштита од УНЕСКО како светско природно богатство…“
Проблем је то што и градот, и државата се веќе одавно тргнати во правец према остварвење на ова непосакувано сценарио. Изграден је мање-више секој метар туристички употребливо земјиште околу езеро. Ама не се застанвит тука. Загрижувачки је то што во последно време лакомоста и на локално, и на државно ниво експоненцијално растит, па се посегат и по терени и идеи кои само до пред некоја година беше незамисливо да се чепнет. Тука спаѓает планојте за казина во Љубаништа, зградине во Бејбунар, стотиците шанкој долж цела обала, па сечење трски, планој за градење марини, пристаништа, аква паркој и уште еден куп слични вакви „проекти“. Најново, и по езерото веројатно најопасно је планираното посегање по невиноста од блатото. Не требит човек да бидит некој голем стручњак или еколог (не сум ни ја) за да знајт дека целион преостанат блатен систем (порано се работело за многу поголема површина) претстављат еден голем филтер за езерото. Баш ради тој филтер можиме да се пуваме со пастрмки, белвици, јагули, крапој, па можиме да изиграваме фраери пред туристине и да пиеме вода директно од езеро и слично.
Ама, некои „од горе“ планирает „туризам да развивает, а не крап да мрестет“.
Ефектите врз туризмот кои би ги донесла новата димензија на урбанизација и комерцијализација на езерото и крајбрежниот појас сигурно би биле позитивни во првите 2, 3, 4 или 5 години. Ама, требит да се знајт дека долгорочно ваквите работи носет многу поќе штета него корист. Факт је дека со таков развој на работите брзо ќе дојдит времето ко ќе се изгубит и чистотата од езероно, и неговото природно богатство, а и заштитата од УНЕСКО. Ак се продолжит вака, на сите им је јасно дека Охридското Eзеро за неколку години немат по ништо да се разликвит од Дојранско, Скадарско или Палиќко, па сигурно и неговата туристичка посетеност не би се разликвела многу во споредба со горенаведениве. Зато је глупо да се заложит цела и природна, и туристичка, па чак и биолошка, егзистенцијална иднина од градот и околината за постигање краткорочен позитивен финансиски ефект.
Зато, апелирам до одговорните за минимум интелигентност и трезвеност. Аку веќе до толку сакате да си играте, ево ви еден предлог од мене:
1. Одберете место во Овче поле, Пелагонија, Мариово…
2. Ископајте една дупка и наполнете је со вода (навртете и некое поточе да течит внатре, колку да не пресушит водата). Така ќе добиете езеро.
3. Донесете жолта песок од Грција, напрајте песочни плажи околу „езерото“, напрајте и едно парапетче од 20 цм за песокта да не се срозвит во вода.
4. Слободно изградите колку сакате хотели, ресторани, марини, писти за хидроавиони, казина, диска, платформи, донесете глисеери, јахти, гондоли, чуда…што ви душа сакат!
То сигурно ќе донесит доста туристи. Искрено вервам во то и од срце ви пожелувам од проектот да остварите голем финансиски успех. Чак ќе мојте да се фалите и со раст на туризмот.
Само аман, остајте го нашево езеро на раат!
Авторот е познат на редакцијата
*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.