Комунистичките општества патеа од хроничен недостаток на западни девизи. Еден начин да се соберат што повеќе долари и марки од странските туристи беше тие да платат многу повисоки цени за хотелски услуги влез во музеи и слично.

Денес цените на хотелските услуги се имаат изедначено, тие се исти како за домашните како и за странските туристи. Но се’ уште, во Охрид на пример, цените за посета на повеќе знаменитости се дупло поскапи за странските туристи. За влез во Света Софија странците треба да платат дупло повеќе од домашните туристи. Слична е ситуацијата и во останатите објекти како Самоиловата тврдина, Свети Јован Канео, Плаошник и други.

Ситуацијата станува уште поапсурдна кога еден домашен турист со желба да ги прошета своите странски гости и тој треба нив да им го објасни нелогичниот ценовник. Тоа се разбира е многу тешко посебно што трендот во европските земји е да влезот во музеите биде бесплатен.

Уште потешко е да се објасни зошто се наплаќа влез во црква – нели верските храмови треба да се отворени за сите што сакаат да запалат една свеќа а не само за оние што имаат пари да платат влезница.

Јован Христовски

P.S. Меѓу другото да се спомни и вегетацијата околу Свети Јован Канео. Дрвјата толку имаат пораснато што црквата (симболот на Охрид) наскоро нема да се гледа. Затоа надлежните треба да ги поткастрат дрвата околу црквата.

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите