Вообичаено дискотеките своите врати да ги отвораат во доцните ноќни часови и да работат се до рано наутро, но една група швеѓани одлучила да ја промени праксата и да отвори дискотека која работи и преку ден. Проектот „LunchBeat“ засега заживеал во три шведски градови, и тоа Гетеборг, Малме и Стокхолм. Идејата е да им се овозможи на луѓето наместо на пауза за ручек да одат во дискотека и да се забавуваат за време на стресниот работен ден. Покрај танцувањето осигуран е и ручек кој може да се јаде за време на танцувањето, како гостите не би го пропуштиле ниту ручекот, ниту забавата.
Едноставната забава во „LunchBeat“ има десетина правила. Едно од нив е тоа доколку сте за прв пат во дискотеката, морате да танцувате. Исто така за време на забавата е забрането да се разговара за работата, а сите присутни се ваши потенцијални партнери за танцување. Учесниците плаќаат влезница во износ од околу 20 евра, во зависност од храната на менито.