Дијаспора!!!Оооо….како г(о)рдо звучи тоа!!! Гласање!!!??? Оооо…то пак ушче пог(о)рдо!!! Зависит кој како гледат на то. Со заграда или без…

Овие дена по медиумите се крена ногу прашина околу правото и потребата за гласање во дијаспората. Мислењата? Кој како гледат!!? Јас? Јас на првото гледам со жалење. А на второто со гадење. Зш со жалење…? Па ко ќе видите шо све прает тие шо со право го носет тој предзнак , со какви средства се служет за да останет во жижата на случувањата, навистина ќе требит да ги жалите.Имат толку ногу примери да аку почнам да пишам за то ќе немам толку хартија.

Живеет во филм дека светот се вртит околу ниф и дека ќе пропаднит аку не се тие…такви какви шо се и таму кј шо се. Вервете, така навлезени во тој филм ногу се опасни и со то клавет тежина на целата та работа. Скраја да е и далеку да се скинит лентата та да се прекинит филмот…!

За фтората работа! Зш со гадење? Па стварно ми се гадит ко ќе ги слушам душебрижниците за МК, а живеет илјади километри далеку. Епа вие од дијаспората , вие шо најубо знајте шо се  права и обврски на еден граѓанин …вратете се во МК, живејте секојдневно, заработете и трошете МК денари, решавајте ги секојдневните проблеми, па тогаш гласајте за „ бушавата азбука“.

Со почит,
Ристо Ристе

 

*Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.