Синоќа кај “Билјанини извори“ со огномет и поздравни говори на ген. спонзор директорот на компанијата АМАК СП, Венко Шапкар, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески како и директорот на АМС Драган Ѓурчески беше отворена 41-таМеѓународна Илиндеска едриличарска регата.
– Голема чест но и придобивка е да се биде домаќин на ваква традиционална меѓународна манифестација и домаќин на спортисити ширум европа . Едриличиарите кои дојдоа да настапат овде во Охрид, сигурен сум дека ке го препознаат нашето гостопримство и со пофални зборви ќе зборуваат за нас. На организаторот му посакувам успешна реализација и организирање на уште многу вакби манифестации. Пријатен престој во Охрид им посакувам на спортистите и во фер плеј борба да победат најдобрите – истакна директорот на АМС Драган Ѓурчевски.
Охридскиот градоначалниик Александар Петрески го потенцираше значењето на регатата од спортски но и од туристички аспект. – Посебен поздрав до едриличарите од Крагуевац, со кои сме збратимени градови. Оваа манифестација значи многу за Охрид, а едрилиците му даваат посебна убавина на Охридското Езеро – рече Петрески.
Гостите и едриличарите на Илинедска регата во предвечерјето на големиот македонски празник ги поздрави директорот на компанијата Амак СП, кој порача дека и оваа година охриѓани немаат намера да ја предадат “златната маска“ која се доделува за севкупен победник на регатата.
– Во наредните два дена ќе спортуваме и ќе се обидеме да придонесеме за афирмацијата на Охрид и Македонија како на спортски така и на туристички план. Се надевам на добри услови , ние го познаваме езерото и се надвам дека тоа ќе биде нашата најголема предност во трките – заврши Шапкар.
Трките започнуваат денеска, а во зависност од временските услови ќе се одржуваат по четири дневно. Севкупниот победник ќе биде прогласен в недела во 17.30 во центарот за едреење.
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Бојан Затуроски доби повик за репрезентацијата на Македонија до 19 години, информираат од ГФК Охрид Лихнидос После одличните настапи во пролетниот дел од сезоната Бојан Затуроски заслужено доби пов...
Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.