Вечерва во “Центарот за Едрење“ со огномет и поздравни говори на преседателот на ЕФМ Димитар Поп Стефанија, ген. спонзор директорот на компанијата АМАК СП, Венко Шапкар, како и директорот на АМС Драган Ѓурчески беше отворена јубилејната 40 Меѓународна Илиндеска едриличарска регата.

Петти пат под капата на  компанијата АМАК СП – ген спознор дир. Венко Шапкар


Македонија едри кон ЕУ и НАТО – дир. на АМС Драган Ѓурчески



На регатата кој во наредните неколку дена низ езерото ќе пловат околу 70 натпреварувачи од пет земји. Во претпладневните часови ќе едрат оптимисти, ласери, европи и 470 -ки , додека во попладневните часови ќе едрат минитонците. Севкупниот победник, освојувачот на златната маска ќе биде познат на 2 Август, на затварањето на регатата во Центарот за Едрење.

М.Постоловски