Членот на основачкиот одбор на фондацијата „Климент Колески“, Бранко Ристески го прогласи за отворен првиот турнир за деца во мал фудбал „Климент Колески“.
На турнирот, кој е прв од ваков вид во градот Охрид ќе учествуваат шест екипи, Работнички и Металург од Скопје, Прилеп, ЛГ Битола, Караорман од Струга и Академија Пандев од Охрид, а ќе се натпреваруваат во две категории 2002 година и помлади и 2004 и помлади.
Натпреварите од турнирот ќе се играат во два дена и тоа во спортските арени „Билјанини Извори“ и „Климент Колески“.
Мх.П.