Преку стотина дечиња поделени во две возрасни категории учествуваат на турнирот во фудбал кој по повод “7 Ноември“ денот на ослободувањето на Охрид се одржува на “Срц Атина Бојаџи“.
Турнирот за отоворен го прогласи советникот во општина Охрид, Јоне Станкоски. Тој на присутните им порача дека локалната ќе биде во тренд со најновите спортски случувања.
– Огромна чест и задоволство ми преставува можноста да го отворам овој фудбалски турнир. Локалната самоупраава секогаш го подржувала и ќе го подржува спортот во Охрид. Среќни сме што спортската понуда на Охрид од денес е побогата. Нека победи најдобриот – рече Станкоски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com