И покрај економската криза во Њујорк е отворен саем на автомобили на кој производителите ги претставија моделите со кои се надеваат дека ќе опстанат на пазарот.
Крајслер го претстави својот нов џип, но на сите повеќе внимание им предизвика помалиот и поефтин модел Фиат 500. Доколку сака државна финансиска помош, и Џенерал Моторс ќе мора да го почитува рокот од 60 дена за излегување од кризата, а во спротивно ќе мора да прогласи банкрот.
Во тој дух е и нивното претставување на едноставниот штанд со новиот економичен модел. Шаренилото изостана и кај германските произведувачи Мерцедес и БМВ. Саемот бил отворен дури неколку дена откако претставниците на американската автоиндустрија објавија дека продажбата за овој месец паднала за 37%.