Во Бејрут е отворен ресторан “Buns i Guns” во кој можете да нарачате сендвич „Калшњиков“, кој се продава под слоган „сендвичот може да те убие“.

Покрај убиствениот сендвич, кој го подготвува готвач облечен во војничка униформа, можете да нарачате и „оброк за терористи“, а наместо музика се слушаат звуци од експлозии.

Овој интересен ресторан е дело на Алија Хамуд, кој истакнал дека сам дошол до идеја за таков ресторан.


– Можев наместо вреќи со песок да поставам играчки, наместо пиштоли мечиња. Се се тоа идеи.

Во уредувањето на ентериерот не доминираат вообичаени цветни аранжмани, туку пиштоли, куршуми и воени фотографии.

Еден од посетителите изјавил дека кога влегол во ресторанот помислил дека се наоѓа во продавница за оружје.