Во предградието на Бирмингем хотелиерот Том Хигс го отворил првиот хотел за натуралисти. Хотелот своите врати за гостите ги отворил на почетокот на оваа година и рексциите на гостите биле многу позитивни. Најмногу им се допаднале чистотата на просторот, опуштената атмосфера и пријателски расположениот персонал. Хотелот засега има седум соби во приватна куќа која е изградена на почетокот на веков. Освен што можат да шетаат целосно голи, гостите можат да се опуштат во сауна, врела бања, ладен базен и да одат на масажа.


Хотелот е опкружен со голема градина, а се организираат и разни игри и активности. Во хотелскиот бар се нуди само здрава храна и не може да се купи алкохол. Сепак, гостите можат да донесат свое шише вино. Цената на едно ноќевање изнесува помеѓу300 и 500 евра. Сопственикот планира да воведе и нови содржини кои повеќе би ги анимирале гостите.