Тајланд го отвори првиот дом за слонови на постара возраст во покраината Лампанг, каде што веќе се отвориле две болници, специјализирани за слонови.

Новиот дом ќе биде отворен на 21 ноември во област на околу 490 километри од главниот град Бангкок и ќе зазема површина од 153 хектари. Центарот ќе има мала рекичка за капење и ќе биде под заштита на државата.

Во домот веќе има 30 возрасни слонови, а кога ќе почне да функционира и официјално, ќе се обезбедат и потребните грижи за повеќе од 200 големи цицачи.

Според официјалните податоци во Тајланд има скоро 2000 домашни слонови и 300 припитомени од населението, а нивниот број се намалува секоја година.
Ф.К.