Македонската женска ракометна репрезентација постигна важна победа на гостувањето во Каунас победувајќи го домаќинот Литванија со 33-19.


По оваа победа втора во квалификацискиот циклус, Македонија сама ќе ја крои судбината околу пласманот на Европското првенство во Данска и во Норвешка во декември годинава

В недела на домашен терен (18.00 ч) ја пречекуваме селекцијата на Холандија и со победа избраничките на Јошко Петковиќ по една година пауза ќе се вратат на големите натпреварувања.

М.П.