На светот постои само еден отмен ресторан во кој шефот на салата ќе ве замоли да му го предадете капутот, мобилниот и секој остар предмет кој го поседувате. Отворен е во кругот на еден британски затвор. За да може некој затвореник да го посети ресторанот мора да се најави неколку дена однапред и да побара одобрение од управниците на затворот.
Оброците се послужуваат зад челични врати, но внатре се е прекрасно уредено, персоналот е внимателен и цело време на услуга на затворениците. Единствен минус на овој ресторан е секако пластичниот прибор за јадење.