Нема  рибар ниту случаен минувач кој поминувајќи покрај каналот не го забележал широкиот асортиман на рибарска опрема која виси на жиците над водата.

Изборот е голем, има жила, тапи, оловца, јадици па дури и канџи. Овој “музеј” на рибарска опрема од ден на ден, се’ повеќе се збогатува и очигледно нема кој  да ги симне „изложените“ експонати. Рака на срце постои и опасност. Висок напон!


Васко Бујароски