Во хотелот „Тропикана“, во Лас Вегас бил отворен музеј на гангстерите во кој биле изложени предмети кои некогаш им припаѓале на најпознатите криминалци на американското подземје. Музејот бил отворен во хотелското казино кое некогаш било центар на собирањето на американските гангстери, а во него ќе бидат прикажани голем број автентични предмети, сувенири, фотографии и видео снимки од организираниот криминал кој некогаш господарел со улиците на Лас Вегас.
На отворањето на музејот присуствувале и актерот Џејмс Кан од филмот „Кум“, како и актерите Мики Рурк, Тони Сирико, Сиев Цирипа и Френк Винсент, звездата на серијата „Сопранови“. На отворањето исто така присуствувале и семејствата на некогашните озлогласени криминалци.